Раст на извозот од Турција во земјите на Европската унија (ЕУ)

Извозот на Турција во јуни 2020 година во споредба со истиот месец минатата (2019) година со раст од 15,8 отсто изнесуваше 13 милијарди 469 милиони долари

1452221
Раст на извозот од Турција во земјите на Европската унија (ЕУ)

Извозот на Турција во месец јуни оваа (2020) година во споредба со истиот месец минатата (2019) година оствари раст во 20 од вкупно 27 земји членки на Европската унија (ЕУ).

Според тоа, извозот на Турција во јуни 2020 година со раст од 15,8 отсто изнесуваше 13 милијарди 469 милиони долари.

Заедно со процесот за нормализација којшто започна во месец јуни, Турција премина во атак и во глобалната трговија и во трговијата со Европската унија (ЕУ).

Минатиот месец е остварен раст во извозот во 20 од 27 земји членки на Европската унија (ЕУ).

Според податоците на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), извозот на Турција кон 27 земји на Европската унија (ЕУ) во месец јуни минатата (2019) година изнесуваше вкупно 4 милијарди 931 милион 553 илјади долари, додека истиот месец во оваа (2020) година со раст од 5,7 отсто се зголеми на 5 милијарди 214 милиони 537 илјади долари.

Најголем раст во извозот со 230,34 отсто е остварен во Јужната кипарско-грчка управа , извозот за Хрватска порасна за 55,49 отсто, за Естонија 47,50 отсто, Литванија 47,46 отсто и за Финска 41,11 отсто. 

Најголем извоз во месец јуни 2020 година меѓу земјите членки на Европската унија (ЕУ) со 1 милијарда 184 милиони 554 илјади 33 долари е реализиран за Германија.

По Германија пак, следуваат Италија, Франција, Шпанија и Холандија.



Слични вести