Раст на извозот на цитрусно овошје од Турција за Русија во првата половина на 2020 година

Во првата половина на оваа година од 197.828 тони цитрусно овошје кое беше извезено во Русија беа заработени девизни приходи за економијата на земјата во висина од 119 милиони 137 илјади долари

1452186
Раст на извозот на цитрусно овошје од Турција за Русија во првата половина на 2020 година

Продажбата на циструсно овошје од Турција на Руската Федерација кадешто се остварува најголемиот извоз на овој вид овошје, во првата половина на 2020 година во споредба со истиот период од 6 месеци минатата (2019) година со раст од 48 отсто достигна до 119 милиони 137 илјади долари.

Минатата (2019) година во периодот јануари-јуни беше реализирана надворешна продажба на циструсно овошје од 143.046 тони на Русија од што беа заработени девизни средства во износ од 80 милиони 704 илјади долари.

Во истиот период од 6 месеци оваа (2020) година извозот се зголеми.

Во првата половина на оваа година од 197.828 тони цитрусно овошје кое беше извезено во Русија беа заработени девизни приходи за економијата на земјата во висина од 119 милиони 137 илјади долари.

На база на производи за Русија беа извезени 83.119 тони мандарини во износ од 50 милиони 790 илјади долари, 42.129 тони портокали во износ од 21 милион 973 илјади долари и 40.241 тон лимони во износ од 30 милиони 826 илјади долари.

Останиот дел од извозот го сочинуваат други видови цитрусно овошје.



Слични вести