Извоз на суво овошје од Турција за 6 месеци во 2020 во вредност од 606,5 милиони долари

Според податоците добиени од Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), во првата половина од годината најмногу извезен производ во секторот со 222,1 милион долари е сувото грозје без семки

1450702
Извоз на суво овошје од Турција за 6 месеци во 2020 во вредност од 606,5 милиони долари

Во првата половина на 2020 година (за 6 месеци) за време на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), Турција оствари извоз на суво овошје и нивни производи во износ од 606,5 милиони долари.

Според податоците добиени од Собранието на извозниците на Турција (ТИМ),  во првата половина од годината најмногу извезен производ во секторот со 222,1 милион долари е сувото грозје без семки.

Потоа следуваат сувите кајсии со 114,9 милиони долари, сувите смокви со 90,4 милиони долари, фистаците со 81 милион долари и бадемите со 70 милиони долари.

Во истиот период е остварен извоз на ореви во износ од 15,3 милиони долари, кајсии и семки од зердалии во износ од 8,6 милиони долари, леблебија 7,5 милиони долари, борови ореви 6,5 милиони долари, сува јаболка 3,5 милиони долари и суви сливи во износ од 707.006 долари.

Од друга страна, од друг вид суво овошје е остварен извоз од 28,1 милион долари, а од запечени овошја извоз од 17,2 милиони долари.

 



Слични вести