Турција за 6 месеци во 2020 година оствари извоз на маски и заштитна облека од 573 милиони долари

„Во првите 6 месеци реализиравме извоз од 573,4 милиони долари од кои 144,7 милиони долари од медицински и штофени маски, а 428,7 милиони долари од заштитна облека“ - соопшти Унијата на извозниците на готова облека и конфекција на Истанбул (İHKİB)

1449941
Турција за 6 месеци во 2020 година оствари извоз на маски и заштитна облека од 573 милиони долари

Турција, во првата половина на 2020 година кога пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) го удри својот белег на целиот свет, оствари извоз на медицински и штофени маски и заштитна облека во износ од 573 милиони долари.

Според соопштението на Унијата на извозниците на готова облека и конфекција на Истанбул (İHKİB), турската индустрија на готова облека во овој тежок период уште еднаш го докажа своето стратешко значење за економијата на земјата, ѝ ја обезбеди потребата внатре во земјата, ѝ им пристигна на помош на десетици земји кои водат борба против пандемијата. 

Во соопштението им се одделува место на ставовите на претседателот на Унијата на извозниците на готова облека и конфекција на Истанбул (İHKİB) Мустафа Ѓултепе кој потсетува дека поради досега невидена слична глобална епидемија во целиот свет се појави интензивна побарувачка од маски и заштитна облека.

Велејќи дека турската индустрија на готова облека за задоволување на побарувачката набрзина ги направи потребните промени во производствените ленти, Мустафа Ѓултепе рече: „Во првите 6 месеци реализиравме извоз од 573,4 милиони долари од кои 144,7 милиони долари од медицински и штофени маски, а 428,7 милиони долари од заштитна облека. Во нашиот извоз на маски и заштитна облека во споредба со истиот период минатата година реализиравме рекорден раст од 986 отсто. Во одредена мера формиравме одбранбен штит за луѓето во светот, против епидемијата. Ние овој извоз, надвор од неговата трговска вредност, го оценуваме како придонес на турската индустрија на готова облека во ова тешко време за целото човештво без правење на расна, јазична и верска дискриминација, и чувствуваме гордост од тоа.“



Слични вести