Турција извезува семиња во 80 земји низ светот во износ од 186 милиони долари

Претседателот на Управниот одбор на Подунијата на индустријалците и производителите на семе (TSÜAB) Ахмет Јилмаз информира дека се реализира извоз на турски семиња во 80 земји низ светот во износ од 186 милиони долари

1450114
Турција извезува семиња во 80 земји низ светот во износ од 186 милиони долари
Turk tohumu1.jpg
Turk tohumu.jpg

Турските семиња никнуваат на земјоделските површини на 80 земји низ светот.

Претседателот на Управниот одбор на Подунијата на индустријалците и производителите на семе (ТСУАБ или TSÜAB) Ахмет Јилмаз информира дека турските семиња никнуваат во различни земји низ светот и дека се реализира извоз на семиња во 80 земји во износ од 186 милиони долари.

Јилмаз рече: „Денеска Турција доколку би ги затворила своите граници за сите земји во светот, е во состојба да може самата да ги обезбедува своите потреби од семе за сите видови растенија.“

Нагласувајќи дека во земјоделството во голема мера се користи турско семе, Ахмет Јилмаз го додаде следното: „Во турското земјоделство кај житариците со процент од 99 отсто се сеат домашни семиња. Кај зеленчукот надминавме 60 отсто. Извезуваме семе во 80 земји во светот. Денеска имаме сектор на семе кој се наоѓа на 11-сетото место во светот.“



Слични вести