Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак: Расте довербата во турската економија

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак рече: „Растот во индексот на доверба на реалниот сектор, потрошувачите и економијата, е показател за тоа дека денешниот ден е попозитивен од вчерашниот, а јуни попозитивен од мај“

1446986
Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак: Расте довербата во турската економија

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во споделената објава на својот профил на социјалната медија Твитер направи проценка на податоците во Индексот на Раководителите за производство и купување на Турција при Истанбулската индустриска комора (PMI).

Албајрак привлече внимание на растот во индексот и истакна дека растот во индексот на доверба на реалниот сектор, потрошувачите и економијата покажува дека јуни е попозитивен од мај.

„Опоравувањето во PMI по индексите на доверба, ни обезбедуваат можност да фрлиме посилни чекори во правец на нашите цели. Растот во индексот на доверба на реалниот сектор, потрошувачите и економијата, е показател за тоа дека денешниот ден е попозитивен од вчерашниот, а јуни попозитивен од мај.“

Исто така и во видеото во споделената објава на министерот за трезор и финансии Берат Албајрак се укажува на порастот на довербата во економијата на Турција и се истакнува дека Индексот на Раководителите за производство и купување на Турција при Истанбулската индустриска комора (PMI) кој што во април изнесуваше 33.4, а во мај 40,9, во месец јуни се зголеми на 53,9.

Освен тоа во видеото со бројки се презентира остварениот раст во последните 3 месеци во процентот на искористување на капацитетот и индексите на доверба на потрошувачите, реалниот сектор и економијата.

Во меѓувреме, и министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер со хаштагот „Национална технологија силна индустрија“, исто така направи проценка на податоците на Индексот на Раководителите за производство и купување на Турција при Истанбулската индустриска комора (PMI).

Министерот Варанк соопшти дека Индексот на Раководителите за производство и купување како еден од водечките показатели на производството во месец јуни се зголеми на 53,9 со што достигна до највисоката вредност од февруари 2018 година досега и Турција ги остави зад себе сите земји чии податоци се соопштени.

 



Слични вести