Извозот на зачини на Турција се зголеми за 5 отсто

На прво место на списокот на извоз на Турција со износ од 11,5 милиони долари се наоѓа САД

1444454
Извозот на зачини на Турција се зголеми за 5 отсто

Извозот на зачини на Турција во периодот јануари-мај во споредба со истиот период минатата година се зголеми за околу 5 отсто и достигна 80 милиони долари.

Според податоците на Унијата на извозниците од Егејот, во 2019 година од извозот на зачини на Турција беа остварени приходи од 175 милиони евра.

На прво место на списокот на извоз на Турција на црвен пипер, цимет, каранфили, мајчина душичка, липа, жалфија, ловор и уште десетици видови зачини со износ од 11,5 милиони долари се наоѓа САД, Германија со 9 милиони долари на второ, додека Кина со 6,5 милиони на трето место.



Слични вести