Постигнат напредок во постигнување на трговски договор помеѓу Турција и Велика Британија

Британската министерка за трговија Лиз Трас на својот профил на Твитер напиша: „Извонредно е да се види дека постои напредок во разговорите за постигнување трговски договор помеѓу Велика Британија и Турција“

1443487
Постигнат напредок во постигнување на трговски договор помеѓу Турција и Велика Британија

Британската министерка за трговија Лиз Трас соопшти дека е постигнат напредок во разговорите за трговски договор коишто ги продолжува нејзината земја со Турција.

Лиз Трас во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Извонредно е да се види дека постои напредок во разговорите за постигнување трговски договор помеѓу Велика Британија и Турција.“ 

Велејќи дека помеѓу двете земји моментално постои силна трговска врска во висина од 19 милијарди стерлинзи, Трас ја изнесе следната констатација: „Работиме интензивно за да обезбедиме на крајот на периодот на транзиција (по Брегзит) да се постигне соодветен трговски договор помеѓу Велика Британија и Турција.“

Инаку, Велика Британија со одржаниот референдум во 2016 година донесе одлука да ја напушти Европската унија (ЕУ) и по повеќе од 3 годишни преговори за разделба (Брегзит), Велика Британија конечно на 31 јануари 2020 година и официјално ја напушти Унијата.



Слични вести