Почна извозот на боровинки од Анталија и за Хонгконг

Заменик директорот на градската управа за земјоделство и шумарство на Анталија Ѓокхан Караџа истакна дека по Германија, Дубаи, Шведска, Норвешка и Катар, почнаа да се извезуваат боровинки од Анталија и за Хонгконг

1441656
Почна извозот на боровинки од Анталија и за Хонгконг

Почна извозот на боровинки од Анталија и за Хонгконг.

Заменик директорот на градската управа за земјоделство и шумарство на Анталија Ѓокхан Караџа истакна дека се водат активности за зголемување на разновидноста на производи од Анталија кој освен тоа што е познат туристички центар воедно е и град на земјоделството.

Нагласувајќи дека за кусо време е забележан значаен развој во одгледувањето на боровинки кои во странство се познати под името „blueberry“, Караџа рече: „Blueberry (боровинките) се овошје коишто се тренд во светот и вредноста на нивниот извоз е голема. Има специфичност на антиоксиданс. Тоа е овошје коешто не е строго приврзано кон почвата и може да се одгледува и во саксија. И од аспект на климата Анталија е мошне погодно место за ова овошје.“

Привлекувајќи внимание дека боровинките наоѓаат купувач по висока цена на пазарот во светот, Караџа го рече следното: „По Германија, Дубаи, Шведска, Норвешка и Катар, почнавме со извоз на боровинки и за Хонгконг. Минаттаа година реализиравме 67 тони 700 килограми боровинки. Со нови инвестиции имаме за цел за кусо време да ги зголемиме овие бројки.“



Слични вести