Бројот на плажите наградени со „сино знаме“ во Анталија се зголеми на 206

Бројот на плажите со сино знаме во познатиот туристички центар на Средоземното Море, градот Анталија се зголеми на 206

1440992
Бројот на плажите наградени со „сино знаме“ во Анталија се зголеми на 206

Бројот на плажите со сино знаме во Анталија, едниот од значајните туристички центри во светот, којшто минатата година изнесуваше 202, во оваа (2020) година се зголеми на 206.

На тој начин градот кој располага со најголем број сини знамиња во светот, го собори и сопствениот рекорд. 

Отворена е туристичката сезона во периодот „нова нормала“ којшто започна по олабавувањето на мерките против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во Анталија, престолнината на туризмот, почнаа да се веат сините знамиња на плажите.

Зголемен е и бројот на плажите со сино знаме во градот кој се наоѓа на  лидерска позиција во светот по ова прашање.

Бројот на плажите со сино знаме којшто минатата година изнесувала 202, оваа година се зголеми на 206.

Синото знаме е во својство на свидетелство за плажи.

За да се исполнат критериумите потребни за собивање на статус на сино знаме, е потребно да се исполнат стандарди како што се квалитетот на морската вода, управувањето со животната средина (околината), еколошката едукација и информирање, безбедноста, услугите и можностите со коишто се располага.



Слични вести