Азербејџан ќе купува наоружани беспилотни летала (СИХА) од Турција

Азербејџанскиот министер за одбрана генерал на армија Закир Хасанов најави дека неговата земја ќе купува наоружани беспилотни летала (СИХА) од Турција

1441018
Азербејџан ќе купува наоружани беспилотни летала (СИХА) од Турција

Азербејџан соопшти дека ќе купува наоружани беспилотни летала (СИХА) од Турција. 

Азербејџанскиот министер за одбрана генерал на армија Закир Хасанов во дадената изјава за еден телевизиски канал направи проценка во врска со набавката на ново оружје и летала на азербејџанската армија.

На поставеното прашање на водителот на програмата "Наоружаните беспилотни летала од турско производство покажаа успех во Сирија и Либија. Дали Азербејџан има намера да купи од овие летала?", министерот Закир Хасанов одговори со зборовите "Работите во оваа насока продолжуваат. Веќе има и резултати."

Азербејџансмиот министер за одбрана генерал на армија Закир Хасанов истакна дека братска Турција истовремено му обезбедува и финансиска помош на Азербејџан во воената сфера, а воедно потсети дека Националното Собрание на Азербејџан пред извесно време го одобри и договорот по ова прашање.



Слични вести