Министерот Мустафа Варанк: Буди гордост да се види ознаката „Made in TÜRKİYE“

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, алудирајќи на домашните апарати за дишење коишто беа извезени во Бразил истакна дека буди гордост во една илјадници километри далечна земја да се види ознаката „Made in TÜRKİYE“

1439252
Министерот Мустафа Варанк: Буди гордост да се види ознаката „Made in TÜRKİYE“

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели фотографија на домашните апарати за дишење (респиратори) коишто беа извезени од Турција за Бразил. 

Варанк, алудирајќи на домашните апарати за дишење коишто беа извезени во Бразил истакна дека буди гордост во една илјадници километри далечна земја да се види ознаката „Made in TÜRKİYE“. 

Варанк во својата објава напиша: „Зарем и според вас не буди гордост во една болница 11 илјади километри далеку од Турција да се види ознаката 'Made in TÜRKİYE'?“

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк пораката на гувернерот на Сао Паоло Жоао Дориа со фотографијата на апаратите за дишење коишто ги произведува Турција и кои неодамна им беа раздадени на државните болници во оваа провинција на Бразил, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја сподели Хаштагот „Националентехнолошкипотег“ („MilliTeknolojiHamlesi").

Гувернерот на Сао Паоло Жоао Дориа во својата порака сподели фотографии на апаратите за дишење со ознака „Made in TÜRKİYE“ и истакна дека 2.072 апарати за дишење им се раздадени на различни државни болници во провинцијата Сао Паоло.

Дориа истакна дека апаратите за дишење пристигнаа во областите Таубате, Регистро и Бауру и се ставени во услуга во тамошните болници.

Укажувајќи на тоа дека со набавените апарати за дишење од Турција бројот на кревети во единиците за интензивна нега е двократно зголемен, Жоао Дориа го рече следното: „На тој начин, ниту еден заболен пациент од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Сао Паоло нема да биде изоставен од лекување.“



Слични вести