Во продажбата на станови во Турција во месец јуни се очекува рекорд на сите времиња

На прво место по бројот на продадени станови во месец мај се наоѓа Истанбул со продадени 7.640 станови, на второ место е Анкара со 4.939, а на трето место Измир со 3.096 продадени станови

1436322
Во продажбата на станови во Турција во месец јуни се очекува рекорд на сите времиња

Во бројот на продадените станови во месец мај (2020 година) во Турција, во споредба со претходниот месец (април) е постигнат раст од 19,1 отсто.

На прво место по бројот на продадени станови во месец мај се наоѓа Истанбул со продадени 7.640 станови, односно со 15 отсто од продадените станови во Турција.

По Истанбул на второ место се наоѓа Анкара со 4.939 продадени станови, односно 9,7 отсто, а на трето место е Измир со 3.096 продадени станови, односно 6,1 отсто.

И покрај тоа што во месец мај оваа (2020) година во споредба со истиот месец минатата (2019) година е забележан пад во продадените станови, во споредба со претходниот месец април е забележан раст од над 19 отсто.

Претставниците на секторот на недвижнини се на мислење дека во месец јуни оваа (2020) година може да се постигне рекорд на сите времиња во бројот на продадени станови.



Слични вести