Светската банка одобри кредит за поддршка за финансирање на турските извозници

Советот на Извршните директори на Светската банка, за Проект за гарантирање на долгорочни финансии за извоз на Турција одобри делумна гаранција за кредит во износ од 250 милиони евра наменети за Турската ексимбанка (Türk Eximbank)

1435926
Светската банка одобри кредит за поддршка за финансирање на турските извозници

Советот на Извршните директори на Светската банка ја одобри делумната гаранција за кредит во износ од 250 милиони евра којашто ќе и се обезбеди на Турската ексимбанка (Türk Eximbank) за Проект за гарантирање на долгорочни финансии за извоз на Турција.

Во објавеното соопштение од Светската банка се истакнува дека проектот има за цел зголемување на пристапот до долгорочно финансирање на претпријатијата од мал и среден обем фокусирани на извоз кои располагаат со помалку од 250 вработени и на претпријатијата од среден и голем обем со 250 до 1.500 вработени.



Слични вести