Одлична оценка за Турција за енергијата од ветер

Според редоследот на централите на ветер на база на градови на прво место со 1,54 гигавати се наоѓа градот Измир, а потоа следуваат Баликесир со 1,16 гигавати и Маниса со 0,68 гигавати

1435248
Одлична оценка за Турција за енергијата од ветер

Енергетскиот сектор во Турција стана едниот од трите сектори коишто бележат најголем раст во последните 10 години.

Заклучно со 2019 година во голем број места на Турција се поставени 3.285 турбини, во 198 централи на енергетскиот систем му е додадена инсталирана моќ од околу вкупно 8.056 мегавати.

Според редоследот на централите на ветер на база на градови во истиот период на прво место со 1,54 гигавати се наоѓа Измир, а по овој град следуваат Баликесир со 1,16 гигавати и Маниса со 0,68 гигавати.

Во Турција која освен инсталираната моќ ги интензивира своите работи и во производството на опрема, постојат 3 локални производители на сидро, 8 на кули за ветер, 2 на домашни генератори и 2 производители на менувачки кутии.

Производителите онака како што се во услуга на внатрешниот пазар на Турција, реализираат извоз и во странство. Освен тоа, на крајот на оваа година се очекува да биде ставена во услуга и првата и единствената фабрика за турбини во Турција.



Слични вести