Георгиева: „Ковид-19 може да предизвика значаен раст на нееднаквоста во приходите“

Ковид-19 најмногу ги погодува најнезаштитените средини

1434523
Георгиева: „Ковид-19 може да предизвика значаен раст на нееднаквоста во приходите“

Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева рече дека оваа неволја (кризата со Ковид-19) може да биде причина за значаен раст на нееднаквоста во приходите.

Георгиева напиша блог статија за глобалната економија и икнлузивното економско закрепнување.

Ковид-19 најмногу ги погодува најнезаштитените средини. Оваа неволја може да биде причина за значаен раст на нееднаквоста во приходите.

Исто така може да предизвика намалување на нивото на образованието и сиромаштијата како и сите придобивки како што е глобалниот развој.

Новите претпоставки и прогнози покажуваат дека голема е веројатноста околу 100 милиони луѓе да паднат под границата на екстремна сиромаштија и да се избришат сите напори кои беа вложени во последните три години за намалување на сиромаштијата.

Политичките креатори треба да направат се што е во нивна моќ за да се поттикне поинклузвно економско закрепнување. Во тие рамки треба да подвлече на значењето на следните 3 приоритети: „разумно користење на финансиските стимуланси“, „зајакнување на новата генерација со едукација“ и „искористување на моќта на финансиската технологија“ потенцираше Георгиева.



Слични вести