Турција за 5 месеци од извозот на свежо овошје и зеленчук за Русија заработи приближно 289 милиони долари

Според податоците на Унијата на Извозниците од Источноцрноморската област (DKİB), во периодот јануари-мај 2020 година на Руија и се продадени 396 илјади 449 тони свежо овошје и зеленчук и од тоа се заработени 288 милиони 926 илјади 327 долари

1434150
Турција за 5 месеци од извозот на свежо овошје и зеленчук за Русија заработи приближно 289 милиони долари

Турција во периодот јануари-мај оваа (2020) година оствари извоз на свежо овошје и зеленчук во Руската Федерација во износ од 288 милиони 926 илјади 327 долари.

Според сумираните податоци од Унијата на Извозниците од Источноцрноморската област (DKİB), во периодот јануари-мај 2020 година на Руската Федерација и се продадени 396 илјади 449 тони свежо овошје и зеленчук.

Во истиот период (јануари-мај) минатата (2019) година е остварен извоз на 314 илјади тони 569 тони свежо овошје и зеленчук на оваа земја и од тоа се заработени приходи во износ од 229 милиони 774 илјади 830 долари.

Кога ќе се направи споредба помеѓу минатата и оваа година, извозот на свежо овошје и зеленчук за Русија од аспект на вредноста оствари раст од 25,7 отсто, а од аспект на количината раст од 26 отсто.

Во периодот јануари-мај 2020 година во Русија се извезени најмногу мандарини, домати и лимони.

Во првите 5 месеци од годинава во Русија е остварен извоз на 83 илјади 119 тони мандарини и од тоа се заработени девизни приходи во износ од 50 милиони 790 илјади 424 долари.

Во истиот период минатата (2019) година пак, на Русија и се продадени 60 илјади 284 тони мандарини и се обезбедени приходи од 33 милиони 909 илјади 137 долари.

Во овогодишниот извоз за Русија по извозот на мандарини следува извозот на домати со 50 милиони 545 илјади 520 долари и на лиони со 30 милиони 826 илјади 218 долари.

 



Слични вести