Турција со рекорден извоз на лешници во сезоната 2019-2020: Заработени девизни приходи од над 2 милијарди долари

Илјас Едип Севинч истакна дека на 2,5 месеци пред да заврши сезоната 2019-2020 година Турција оствари извоз на 302 илјади тони лупени лешници и од овој извоз заработи девизни приходи од над 2 милијарди долари

1434042
Турција со рекорден извоз на лешници во сезоната 2019-2020: Заработени девизни приходи од над 2 милијарди долари

Турција пред да заврши сезоната 2019-2020 година оствари извоз на 302 илјади тони лупени лешници со што постигна рекорд на сите времиња во извозот во една сезона.

Претседателот на Управниот одбор на Унијата на Извозниците на лешници и производи од лешници на Црноморската област (KFMİB) Илјас Едип Севинч во објавено писмено соопштение истакна дека и покрај тоа што останаа повеќе од 2,5 месеци до крајот на извозната сезона 2019-2020 која започна на 1 септември остварениот извоз достигна до 302 илјади тони.

Севинч рече дека од овој извоз се заработени девизни приходи од над 2 милијарди долари.



Слични вести