Турција со највисок раст во првиот квартал од 2020 година меѓу земјите на Г-20

Во извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) се истакнува дека Турција е земја со највисок раст во првиот квартал од 2020 година меѓу земјите на Г-20

1434165
Турција со највисок раст во првиот квартал од 2020 година меѓу земјите на Г-20

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) соопшти дека и покрај глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) меѓу земјите членки на Г-20 во првиот квартал од оваа година постигнаа економски раст само Турција и Индија.

ОЕЦД го објави извештајот со податоците за привремен раст на земјите на Г-20 за првиот квартал во 2020 година.

Турција со раст од 4,4 отсто е утврдена како земја со остварен највисок економски раст меѓу земјите на Г-20 во првиот квартал од оваа година и на годишна база.

Кина со 6,8 отсто стана земја со најголемо стеснување .

Индија во првиот квартал од оваа (2020) година во споредба со последниот квартал на минатата (2019) година, оствари раст од 0,7 отсто, а Турција со раст од 0,6 отсто.

Според извештајот, преземените мерки во светски рамки за спречување на ширењето на новиот тип коронавирус (Ковид-19) станаа причина во првиот квартал на 2020 година да дојде до назадување во земјите на Г-20 од 3,4 отсто во споредба со последниот квартал на 2019 година. Ова е регистриран како најголем пад на процентуална база од 1988 година од кога се регистрираат податоците.



Слични вести