Извозот на циструсно овошје на Турција за 5 месеци во 2020 година достигна до 326 милиони долари

Турција во првите 5 месеци од оваа (2020) година оствари извоз на цитрусно овошје во износ од 326 милиони долари, а на прво место со извоз од 118 милиони 748 илјади долари се наоѓа Русија

1433272
Извозот на циструсно овошје на Турција за 5 месеци во 2020 година достигна до 326 милиони долари

Извозот на цитрусно овошје на Турција во првите 5 месеци од оваа (2020) година во споредба со истиот период минатата (2019) година со остварен раст од 30 отсто достигна до 326 милиони долари.

Претседателот на Националниот совет за цитрусно овошје Кемал Качмаз истакна дека цитрусното овошје зазема значаен дел во извозот на свеж зеленчук и овошје.

Тој рече дека во надворешната продажба на база на производи на прво место се наоѓа грејпфрутот, а потоа следуваат мандарините и портокалите.

Информирајќи дека оваа година е зголемен извозот и во земјите на Европската унија (ЕУ), Качмаз рече: „Најголемиот извоз од 118 милиони 748 илјади долари е остварен во Русија. Потоа следуваат Украина, Ирак, Романија и Полска, Нашиот извоз за Холандија оствари раст од 171 отсто, за Германија раст од 50 отсто. Турција во цитрусното овошје е дојдена во положба на глобален актер. Во следните години ќе се зголеми и нашето производство и нашиот извоз.“



Слични вести