Туркиш Ерлајнс највреден бренд на Турција и во 2020 година
„Бренд Финанс“ („Brand Finance“) соопшти дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) повторно стана највреден бренд на Турција

Според истражувањето на меѓународната институција за вреднување на брендови „Бренд Финанс“ („Brand Finance“), Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со вредност од приближно 2 милијарди долари исто како и во минатата (2019) година стана највреден бренд на Турција и во оваа (2020) година.
„Бренд Финанс“ („Brand Finance“) ја зврши својата студија за 2020 година насловена како „Највредните брендови на Турција-Turkey 100“.
На списокот на првото место се најде Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) со вредност на брендот од 1 милијарда 975 милиони долари, а веднаш по неја на второ место се наоѓа Зираат банката (Ziraat Bankası) со вредност на брендот во висина од 1 милијарда 616 милиони долари.
Потоа редум на списокот следат, на трето место Гаранти банката (Garanti Bankası) со вредност на брендот од 1 милијарда 538 милиони долари, на четврто место Турксел (Turkcell) со врендост од 1 милијарда 361 милион долари, а на петто место е Арчелик (Arçelik) кој се искачи од осмото место со вредност на брендот во износ од 1 милијарда 273 милиони долари.