Раст на извозот на морските производи од Турција во светот

Најмногу извоз беше остварен во Холандија, Италија и Германија.

1430184
Раст на извозот на морските производи од Турција во светот

Турција во периодот од јануари до мај оствари извоз на морска храна и производи во 75 земји во светот. Наспроти извозот од 73 643 тони, беа остварени приходи од 378 226 927 долари.

Според податоците на Унијата на извозниците на источното црноморско крајбрежје (ДКИБ), најмногу извоз беше остварен во Холандија, Италија и Германија.

Имено во Холандија беше остварен извоз на моркс а храна и производи од 53 061 944 долари, во Италија извоз од 53 008 052 долари, во Германија 31 897 749 долари.

Турција во овој период во споредба со истиот период лани оствари извоз на морска храна и производи и во Египет, Финска, Малта, Бела Русија, Џибути, Мавританија, Ирска, Сомалија, Сенегал и Руанда



Слични вести