Турција за 9 месеци од извозот на лешници заработи приближно 1 милијарда 965 милиони долари

Турција, за 9 месеци во периодот 1 септември 2019-31 мај 2020 година од извозната сезона 2019-2020 од извозот на 294 ијади 303,6 тони лешници заработи приходи од 1 милијарда 964 милиони 965 илјади 163 долари

1428246
Турција за 9 месеци од извозот на лешници заработи приближно 1 милијарда 965 милиони долари

Турција за 9 месеци оствари извоз на лешници во износ од 1 милијарда 964 милиони 965 илјади долари.

Според објавеното писмено соопштение од Унијата за производи и извозници на лешници на Црноморската област, во периодот 1 септември 2019-31 мај 2020 година од извозната сезона 2019-2020, еден квинтал (100 кг) стандардни природни лупени лешници беа продадени за просечно 762 долари.

Во наведениот период, од извозот на 294 ијади 303,6 тони лешници беа заработени приходи од 1 милијарда 964 милиони 965 илјади 163 долари.

229 илјади 492 тони од извозот на лешници беше остварен во земјите членки на ЕУ.

Во другите европски земји надвор од Европската унија (ЕУ) беа продадени 18 илјади 397,5 тони лешници, во прекуокеанските земји 31 илјада 754,2 тони и во другите земји во светот 14 илјади 659,4 тони лешници.

Турција во истиот период, минатата сезона, е остварен извоз на 232 илјади 584 тони лешници и од тоа се заработени приходи во износ од 1 милијарда 355 милиони долари.



Слични вести