Турција остварува извоз на авокадо во 33 земји во светот

Турција остварува извоз на авокадо во 33 земји во светот, така да за 5 години својот извоз го зголеми за 41 пати

1427879
Турција остварува извоз на авокадо во 33 земји во светот

Во последните 5 години во Турција се произведени 14 илјади тони авокадо и од нив се заработени приходи (е остварен извоз) во износ од приближно 2 милиони 79 илјади долари.

Според податоците на Институцијата за статистика на Турција (ТУИК), Турција која остварува извоз на авокадо во 33 земји во светот на чело со Русија, Романија, Украина и Германија, исто така и количината на својот извоз во последните 5 години ја зголеми за 41 пати. 

Така и производството на авокадо минатата (2019) година во споредба со претходната (2018) со раст од 33 отсто се зголеми на 4 илјади 209 тони.

Целокупното производство на авокадо е остварено од Средоземноморската област.

Во периодот 1 јануари-26 мај 2019 година од областа е остварен извоз на авокадо во износ од 50 илјади 107 долари, додека оваа (2020) година во истиот период оваа бројка со раст од 8,36 отсто е зголемена на 54 илјади 298 долари.



Слични вести