Турската компанија за мобилни игри „Peak“ продадена за рекордна сума од 1,8 милијарди долари

Турската компанија за мобилни игри „Peak“ е продадена на американската компанија креатор на видео игри Zynga (Nasdaq: ZNGA) за редордна сума од 1,8 милијарди долари

1428285
Турската компанија за мобилни игри „Peak“ продадена за рекордна сума од 1,8 милијарди долари

Турската компанија за мобилни игри „Peak“ своите акции и ги продаде на американската компанија креатор на видео игри Zynga (Nasdaq: ZNGA) за 1,8 милијарди долари и фрли потпис на еден голем договор.

Во објавеното соопштение од компанијата им се одделува место на ставовите на основачот и извршен директор (ЦЕО) на компанијата за мобилни игри „Peak“ Сидар Шахин кој рече: „Точката до којашто сме дојдени денеска буди гордост за Турција и сите ние знаеме дека ова е уште почеток на патот. Во ова патување коешто ќе го продолжиме со Zynga, заедно уште повеќе ќе зајакнеме и ќе растеме. Тоа нѐ возбудува за во иднина.“

ЦЕО’то на Zynga Франк Гибеу пак, рече: „Чувствуваме гордост од тоа што и велиме ‘добредојде меѓу нас“ на Peak. Peak е едниот од најдобрите креатори на загатка игри во светот. Не возбудува тоа што ќе ги издигнеме до уште понапред нашите способности со една ваква креативна и страствена екипа. Со приклучување на Toon Blast и Toy Blast бројот на нашите игри коишто се наоѓаат на челните места на листите го зголемивме на 8. Впечатливо го зголемуваме нашиот број на глобални корисници и се подготвуваме за нови проекти за во иднина. Peak и Zynga заедно ќе растат уште повеќе.“

Директорот за стратегија на Peak Омер Инону пак, ја изнесе следната констатација: „За 10 години од Турција ја изнесовме едниот од гигантите на секторот на глобални мобилни игри. Тоа навистина буди гордост и во име на Peak и во име на нашата земја.“

Во објавеното соопштение од турската компанија за мобилни игри „Peak“ се нагласува дека ќе се промени само партнерската структура на компанијата и се соопштува дека „Peak“ ќе продолжи да остане како турска компанија и ќе продолжи да делува под сопствениот бренд без било какви промени во нејзината екипа и раководството.“

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк исто така во споделената објава на својот профил на Твитер, во врска со овој развој ја изнесе следната констатација: „Нека е аирлија првиот турски unicorn односно ‘Turcorn’. Мошне значаен развој од аспект на екосистемот на претприемништвото во Турција.“

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во објавеното соопштение на својот профил на Твитер го истакна следното: „Нашиот екосистем на претприемништво блеска со една убава вест. Продажбата на Peak стана едната од најголемите продажби на компанија во историјата на турската економија.“



Слични вести