Од градот Ризе во првите 4 месеци од 2020 година остварен извоз на чај од над 3 милиони долари

Од градот Ризе во периодот јануари-април, за 4 месеци од оваа (2020) година е остварен извоз на 938 тони чај во 19 земји и од тоа се заработени приходи во износ од 3 милиони 156 илјади 282 долари

1428293
Од градот Ризе во првите 4 месеци од 2020 година остварен извоз на чај од над 3 милиони долари

Остварениот извоз од градот Ризе во Црноморската област во првите 4 месеци од оваа (2020) година, во споредба со истиот период минатата (2020) година со раст од 159 отсто се зголеми на 3 милиони 156 илјади 282 долари.

Според сумираните податоци од Унијата на извозниците од источно црноморската област (ДКИБ), од градот Ризе во периодот јануари-април е остварен извоз на 938 тони чај во 19 земји.

Земји во кои е остварен најголем извоз се Белгија, Соединетите Американски Држави (САД) и Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Во наведениот период од 4 месеци (јануари-април)  во 2020 година од Ризе во Белгија е остварен извоз на 421 тони чај од што се заработени 1 милион 703 илјади 553 долари.

Во истиот период минатата (2019) година во Белгија е остварена продажба од 137 тони чај и се заработени 494 илјади 242 долари.

По Белгија земји во кои е остварен најголем извоз на чај следуваат САД со 263 илјади 979 долари и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) со 233 илјади 962 долари.



Слични вести