Турција во првиот квартал на 2020 година оствари раст од 4,5 отсто

Според податоците на Институцијата за статистика на Турција (ТУИК), Турција во првиот квартал (јануари-март) од 2020 година оствари економски раст од 4,5 отсто

1425603
Турција во првиот квартал на 2020 година оствари раст од 4,5 отсто

Економијата на Турција во првиот квартал од оваа (2020) година оствари раст од 4,5 отсто.

Институцијата на Турција (ТУИК) ги објави резултатите за бруто домашниот производ (БДП) во врска со првиот квартал од оваа година (јануари-март)

Според тоа, економијата на Турција во првиот квартал од оваа година во споредба со истиот период минатата година оствари раст од 4,5 отсто.

Кога ќе се анализираат дејностите коишто го сочинуваат бруто домашниот производ (БДП), во првиот квартал од годинава споредено со истиот период лани другите сфери на услуги остварија раст од 12,1 отсто, сферите за информација и комуникација 10,7 отсто, индустријата 6,2 отсто, јавната администрација, образованието, човечкото здравје и социјалните услуги 4,6 отсто, услугите 3,4 отсто, земјоделството 3 отсто,  недвижнините 2,4 отсто, стручните сфери, администрацијата и сферите за поддршка 1,9 отсто, аферите за финансии и осигурување  раст од 1,6 отсто.

 



Слични вести