Министерот Албајрак: И покрај корона-кризата оваа година ќе ја завршиме со позитивен раст

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак истакна дека и покрај кризата со новиот тип коронавирус (Ковид-19) Турција оваа година ќе ја заврши со позитивен раст

1424674
Министерот Албајрак: И покрај корона-кризата оваа година ќе ја завршиме со позитивен раст

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак беше гостин во програмата на информативниот канал на Турската радио и телевизија ТРТ „ТРТ Хабер“ кадешто одговараше на прашањата на новинарите посветени на актуелните случувања на економски план.

Министерот Албајрак истакна дека и покрај кризата со новиот тип коронавирус (Ковид-19) Турција оваа година ќе ја заврши со позитивен раст.

Привлекувајќи внимание на чекорите коишто се фрлени во процесот на епидемијата на Ковид-19 од одложувањето на даноците до обезбедување на потребите од ликвидност и од забраната за отпуштање од работа до надомест за скратеното време и поддржување на работодавецот, министерот за трезот и финансии Берат Албајрак го рече следното: „Турција, во споредба со светот ќе стане земја подложена на најмало влијание која ќе се одделува позитивно во голем број сфери /.../од економскиот раст до невработеноста. Да не беше оваа криза ќе беше година во која ќе доловевме економски раст од 5 отсто. Меѓутоа и покрај оваа криза, вложуваме многу големи напори оваа година да биде година којашто Иншаллах (со Аллахова помош) ќе ја завршиме со позитивен раст, а не со стеснување од 5, 8 или 10 отсто. 2020 година ќе ја завршиме во тие рамки.“

 



Слични вести