Извозот на салца од Турција во периодот јануари-април 2020 се зголеми на 67 милиони долари

Според податоците на Унијата на извозниците од Егејската област (EİB), производите од свежо овошје и зеленчук коишто се произведуваат во Турција досега се извезени во приближно 100 земји во светот

1423218
Извозот на салца од Турција во периодот јануари-април 2020 се зголеми на 67 милиони долари

Извозот на салца од Турција во првите четири месеци од оваа (2020) година (во периодот јануари-април), во споредба со истиот четиримесечен период минатата (2019) година со раст за 45 отсто се зголеми на 67 милиони долари.

Според податоците на Унијата на извозниците од Егејската област (EİB), производите од свежо овошје и зеленчук коишто се произведуваат во Турција досега се извезени во приближно 100 земји во светот.

За време на глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) извозот во оваа сфера влезе во тренд на раст.

Производ којшто привлекува најголемо внимание во овој сектор пак, е салцата.

Во извозот на салца од Турција во првите четири месеци од оваа (2020) година (во периодот јануари-април), на прво место се наоѓа Ирак со остварен извоз во износ од 46 милиони 517 долари.

По Ирак според остварениот извоз на салца редум следуваат Германија со 5 милиони 600 илјади долари и Јапонија со 3 милиони 46 илјади долари.



Слични вести