Извоз од источниот дел на Турција од над 546 милиони долари во 189 земји во светот

Според сумираните податоци од Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) и Унијата на извозниците од Источна Анадолија (ДАИБ), за 4 месеци од источноанадолската област на Турција е реализиран извоз во износ од 546 милиони 797 илјади долари

1422848
Извоз од источниот дел на Турција од над 546 милиони долари во 189 земји во светот

Од страна на фирмите членки на Унијата на извозниците од Источна Анадолија (ДАИБ) во периодот јануари-април е остварен извоз во 189 земји во светот.

Според сумираните податоци од Собранието на извозниците на Турција (ТИМ) и Унијата на извозниците од Источна Анадолија (ДАИБ), за 4 месеци од источноанадолската област на Турција е реализиран извоз во износ од 546 милиони 797 илјади долари.

Кога ќе се анализира остварениот извоз од страна на Унијата на извозниците од Источна Анадолија (ДАИБ) во периодот јануари-април според земји, на прво место се наоѓа Ирак со извоз од 112 милиони 978 илјади долари.

По Ирак пак, редум следуваат Азербејџан-Нахчиван со извоз од 37 милиони 968 илјади долари, Германија 37 милиони 913 илјади долари, Иран 19 милиони 539 лјади долари и Либија со 13 милиони 425 илјади долари.

 



Слични вести