Турција на 6-то место во светот по бројот на посетители, на 13-то место според туристичките приходи

Според објавеното соопштение од Министерството за култура и туризам, во „Барометарот Мај 2020“ на Светската туристичка организација при ОН Турција повторно стана шеста земја во светот по бројот на посетители, а 13-та земја по туристичките приходи

1422423
Турција на 6-то место во светот по бројот на посетители, на 13-то место според туристичките приходи

Турција уште еднаш стана шеста земја во светот по бројот на посетители во 2019 година.

Светската туристичка организација при Обединетите нации (СТООН или NWTO) го објави „Барометарот Мај 2020“ во кој се внесени податоци за 2019 година. 

Според објавеното соопштение од Министерството за култура и туризам, во „Барометарот Мај 2020“ Турција повторно стана шеста земја во светот по бројот на посетители. 

Турција која и минатата година го зачува своето шесто место меѓу земјите со остварени најголеми туристички приходи во Европа, според податоците на Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) во 2019 година заработи туристички приходи во износ од 34,5 милијарди долари.

Турција на списокот на земјите кои пречекаа најголем број туристи во 2018 година се наоѓаше на четврто место во Европа, а на шесто место во светот.

Според „Барометарот Мај 2020“ на Светската туристичка организација при Обединетите нации (СТООН или NWTO), овој успех на Турција на списокот на посетители не се промени и во 2019 година.

Според туристичките приходи пак, Турција во 2019 година го зачува своето шесто место во Европа, а во светот од 15-сетото место се искачи на 13-сетото место.

 



Слични вести