Турција и оваа година на трето место во светот по бројот на добиени сини знамиња

Според вреднувањето за 2020 година на Меѓународната фондација за еколошка едукација (ФЕЕ) со седиште во главниот град на Данска, Копенхаген; веднаш по Шпанија и Грција, Турција стана трета земја во светот по бројот на добиени сини знамиња

1422379
Турција и оваа година на трето место во светот по бројот на добиени сини знамиња

Турција е трета земја во светот по бројот на добиени сини знамиња.

Министерството за култура и туризам соопшти дека Турција и оваа година го зачува своето место на челните позиции меѓу земјите добитници на „Сино знаме“ како една од најелитните награди во туризмот и животната средина во светот.

Според вреднувањето за 2020 година на Меѓународната фондација за еколошка едукација (ФЕЕ) со седиште во главниот град на Данска, Копенхаген; веднаш по Шпанија и Грција, Турција стана трета земја во светот по бројот на добиени сини знамиња.

Минатата година Турција располагаше со 463 плажи наградени со „Сино знаме“ додека оваа година оваа бројка се искачи на 486 плажи.

Освен тоа со „Сино знаме“ оваа година се наградени и 22 марини и 7 јахти.

Според тоа бројот на плажите наградени со „Сино знаме“ за 2020 година во Анталја се зголеми на 206, Мугла на 105, Ајдин 35, Измир 52, Баликесир 31, Истанбул 2, Самсун 13.

Градови во кои пак, бројот на доделени сини знамиња остана ист со минатата година се Чанаккале, Кириккале, Коџаели, Дузџе, Орду, Мерсин и Ван.



Слични вести