Централната банка на Турција каматната стапка ја намали на 8,25 поени

Почнувајќи од првата половина на мај, високофреквентните показатели со чекорите што беа фрлени за делумно нормализирање, содржат сигнали за враќање од дното.

1421233
Централната банка на Турција каматната стапка ја намали на 8,25 поени

Централната банка на Република Турција, еднонеделната каматна стапка на аукција на репо-трансакции (стапка на политика) ја намали за 50 базни поени, односно од 8,75 на 8,25 поени.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Советот за монетарна политика на Централната банка беше истакнато дека во период кога продолжува висока неизвесност во врска со закрепнувањето на глобалната економија, активно се следат чекорите коишто ги фрлаат земјите во светот на патот за нормализирање.

Во април почнаа да се забележуваат очигледни показатели за забавувањето на економските активности, додека почнувајќи од првата половина на мај, високофреквентните показатели со чекорите што беа фрлени за делумно нормализирање, содржат сигнали за враќање од дното.



Слични вести