Земјите членки на ЕУ одобрија 100 милијарди евра за програмата за поддршка на вработувањето

Европскиот совет соопшти дека претставниците на земјите членки ја одобрија програмата за поддршка на вработувањето по име "SURE" којашто е подготвена поради глобалната епидемија

1419974
Земјите членки на ЕУ одобрија 100 милијарди евра за програмата за поддршка на вработувањето

Земјите членки на Европската унија (ЕУ) го одобрија пуштањето во употреба на програмата за поддршка на вработувањето во износ од 100 милијарди евра поради новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

Европскиот совет соопшти дека претставниците на земјите членки ја одобрија програмата за поддршка на вработувањето по име "SURE" којашто е подготвена поради глобалната епидемија.

Според тоа, земјите членки согласно големината на нивните економии ќе дадат гаранција од вкупно 25 милијарди евра. 

Со оваа гаранција, Европската комисија од пазарите на капитал ќе соберат извори во износ од 100 милијарди евра под поволни услови.

Со овој фонд Европската комисија на земјите членки ќе им обезбеди кредит под поволни услови којшто ќе се користи за програмите за скратено работно време и програмите за поддршка во парични средства.

Програмата ќе важи до 31 декември 2022 година. 

Доколку пак, продолжат економските влијанија на глобалната епидемија програмата ќе може да се продолжи.



Слични вести