Продадени 4 милиони шишенца од 100 милилитри домашно средство за дезинфекција на рацете „БОРЕЛ“

Од април кога е изнесено на продажба во продавниците досега се продадени приближно 4 милиони шишенца од 100 милилитри од домашното средство за дезинфекција на рацете „БОРЕЛ“ („BOREL“)

1419014
Продадени 4 милиони шишенца од 100 милилитри домашно средство за дезинфекција на рацете „БОРЕЛ“

Продажбата на домашното средство за дезинфекција на рацете „БОРЕЛ“ („BOREL“) од месец април досега се доближи до 4 милиони шишенца од 100 милилитри.

Покрај малите шишенца „БОРЕЛ“ коишто се продаваат во националните и локалните синџир маркети, почнувајќи од мај го зазедоа своето место на рафтовите во продавниците и шишиња од еден литар.

Граѓаните уште од првиот ден покажаа многу големо интересирање за домашното средство за дезинфекција на рацете „БОРЕЛ“. 

Ова големо интересирање се одрази и на бројките на продажба. 

Од малите шишенца од 100 милилитри досега се продадени приближно 4 милиони и на оваа бројка со секој поминат ден се додаваат уште илјадници. 

„БОРЕЛ“ содржи супстанции како што се етил алкохол, глицерин, бор, алое вера и есенцијални масла како масло од чајно дрво и лаванда. 

Процентот на етил алкохол во „БОРЕЛ“ изнесува над 70 отсто. 

Постојат голем број научни трудови коишто го докажуваат ефикасното влијание на етил алкохолот и борот против бактериите и некои вируси.

Воедно се знае и антивиралното дејство на маслото од чајно дрво коешто го има во домашното средство за дезинфекција на рацете  „БОРЕЛ“.



Слични вести