Во февруари се намали стапката на невработеност

Стапката на невработеност во февруари во Турција во споредба со истиот период минатата година се намали за 1,1 поен и изнесува 13,6 отсто

1414856
Во февруари се намали стапката на невработеност

Стапката на невработеност во февруари во Турција во споредба со истиот период минатата година се намали за 1,1 поен и изнесува 13,6 отсто.

Заводот за статистика на Турција (ТУИК) ги објави резултатите за работната сила за февруари.

Според податоците, стапката на невработеност во Турција од 15 годишна возраст нагоре во февруари, во споредба со истиот период минатата година се намали за 502 илјади и изнесува 4 милиони 228 илјади. Стапката на невработеност во истиот период се намали за 1,1 поен и изнесува 13,6 отсто.

Стапката на неземјоделска невработеност се намали за 1,5 поен и според прогнозите изнесува 15,4 отсто. Стапката на невработеност во февруари во споредба со претходниот месец се намали за 0,2 поени.



Слични вести