Од Утре (11 мај) се отвораат 356 трговски центри во Турција кои беа затворени поради Ковид-19

Од утре повторно се отвораат трговските центри во Турција кои беа затворени за привремено во рамките на борбата против глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1414378
Од Утре (11 мај) се отвораат 356 трговски центри во Турција кои беа затворени поради Ковид-19

Во рамките на чекорите коишто почнаа да се преземаат за враќање на животот во нормала од утре во Турција повторно се отвораат 356 трговски центри кои беа затворени за привремено поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Трговските центри чии работни часови најпрвин беа сменети откако беа регистрирани првите случаи на зараза од Ковид-19 во земјата, а потоа на одлука со препорака на Научниот совет постепено беа зтаворени, почнувајќи од утре ги отвораат своите врати за граѓаните. 

Во трговските центри чиу услуги претходно беа сопрени со исклучок на супремаркетите, аптеките и продавниците за продажба на хигиенски производи, од утре ќе почнат да работат со исклучок на рестораните, кафетериите и местата за спортска рекреација и забава во нивни рамки.

Продавниците во трговските центри кои од утре на 11 мај ќе бидат отворени со флексибилно работно време по сопствена желба, потоа почнувајќи од 1 јуни ќе преминат на систем на задолжително работно време.

Согласно издадените правила, упатства и препораки до вработените во трговските центри и граѓаните задолжително ќе бидат преземени неопходните мерки на заштита од Ковид-19 во чии рамки пред се задолжително ќе се носат маски и ќе се почитува социјалното растојание. 

Од друга страна, денеска за прв пат по изминати 50 дена им е издадена дозвола за излегување на улица (движење) на граѓаните над 65 годишна возраст чие излегување беше забрането (ограничено) поради мерките коишто се преземени во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус. 

 

 

 



Слични вести