Во ЕУ ќе се формира механизам за борба против перењето пари и финансирањето на теоризмот

Со сеопфатен акционен план, ќе ја зајакнеме нашата одбрана и борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот

1412892
Во ЕУ ќе се формира механизам за борба против перењето пари и финансирањето на теоризмот

Еврокомисијата достави предлог за формирање нов механизам за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот.

Заменикот виш претседателот на ЕК Валдис Домбровскис во Брисел одржа прес конференција во врска со борбата против финансискиот криминал.

Домбровскис рече дека планираат да го окончаат инфилтрирањето и протокот на црните пари во финансискиот систем.

Со сеопфатен акционен план, ќе ја зајакнеме нашата одбрана и борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот. Затоа во рамките на ЕУ можеме да формираме еден нов механизам за борба против перењето пари.

Секако дека и овластувањето на европскиот банкарски орган (ЕБА) може да се стави во опција во борбата против перењето пари. Не треба да бидеме слаби во спроведувањето на финансиските правила и начела во рамките на унијата.

Домбровскис додаде дека планот за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот планираат да го остварат за 12 месеци.

Од друга страна пак, ЕК соопшти дека на списокот на земјите кои не се доволни во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот беа додадени уште 12 земји.

Според тоа, на списокот беа додадени следните земји: Авганистан, Ирак, Пакистан, Сирија, Јемен, Иран, Северна Кореја, Тринидад и Тобаго, Уганда и Вауату, Бахамите, барбадос, Боцвана, Камбоџа, Гана, Јамајка, Маурициус, Мијанмар, Никарагва, Панама и Зимбабве.

Додека од списокот беа извадени Босна и Херцеговина, Гвајана, Лаос, Етиопија, Шри Ланка и Тунис,

По ратификувањето на промените од  страна на ЕП и Советот на Европа, истите се очекува на сила да стапат во октомври.



Слични вести