Турција во периодот јануари-април 2020 година оствари извоз на лешници во 51 земја

Турција во периодот јануари-април 2020 година оствари извоз на 109.336 тони лешници во 51 земја од што заработи приходи во вкупен износ од 754 милиони 76 илјади 927 долари

1412899
Турција во периодот јануари-април 2020 година оствари извоз на лешници во 51 земја

Турција во првите четири месеци од годината (2020) од надворешната продажба на 109.336 тони лешници заработи приходи во вкупен износ од 754 милиони 76 илјади 927 долари.

Според добиени информации од податоците на Унијата на извозниците од Источноцрноморската област, во периодот јануари-април говаа година фирмите со седиште во градот Трабзон од остварениот извоз од 43.423 тони лешници се заработени приходи во вкупен износ од 303 милиони 588 илјади 790 долари.

На тој начин градот Трабзон оствари 40 отсто од вкупниот извоз на лешници на Турција.

Извозот на лешници остварен од Трабзон во наведниот период, во споредба со истиот период минатата година постигна раст од 9 отсто од аспект на износот.

Воедно и бројот на земјите во кои е остварен извоз на лешници од Турција со раст од 5 отсто се зголеми на 51 земја во светот.

Првите 5 земји во кои е остварен најголем извоз на лешници станаа Италија со 98 милиони 766 илјади 316 долари, Германија 57 милиони 120 илјади 968 долари, Франција 28 милиони 393 илјади 173 долари, Канада 16 милиони 134 илјади 170 долари и Полска 16 милиони 59 илјади 753 долари.

Во наведниот период (јануари-април) на земјите како што беа Црна Гора, Летонија, Индонезија, Азербејџан и Обединетите Арапски Емирати (Дубаи) во кои минатата година не беше остварен извоз, им беа продадени лешници во вкупен износ од 229.898 долари.



Слични вести