Раст во извозот на земјоделски производи на Турција во периодот јануари-април 2020 година

И покрај епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) Турција продолжи да остварува раст во извозот на земјоделски производи во периодот јануари-април оваа година

1412695
Раст во извозот на земјоделски производи на Турција во периодот јануари-април 2020 година

Извозот на земјоделски производи на Турција во првиот квартал од оваа (2020) година во споредба со истиот период минатата (2019) година оствари раст од 2,9 отсто. 

Според податоците на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), секторот на лешници и производи од лешници е сектор којшто оствари највисок раст во надворешната продажба (извозот) на процентуална база во периодот јануари-април којшто помина под влијание на новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

Согласно тоа извозот на секторот за лешници и производи од лешници во периодот јануари-април годинава, во споредба со истиот перод минатата година со раст од 32,6 отсто достигна до 754,3 милиони долари.

По овој сектор според процентуалниот раст постигнат во извозот следуваат; свежото овошје и зеленчук чија надворешна продажба со раст од 21,6 отсто изнесува  756,3 милиони долари, производите од овошје и зеленчук до раст од 12,9 отсто и 565,4 милиони долари и житариците, мешункастите производи и маслените семиња и нивни производи со раст од 4,1 отсто и 2,4 милијарди долари.



Слични вести