Ирак го отвора граничниот премин Зурбатијах со Иран

Во текот на двата дена во неделата колку што ќе биде отворен преминот ќе можат да поминат 250 камиони меѓу Ирак и Иран

1412425
Ирак го отвора граничниот премин Зурбатијах со Иран

Ирак усвои одлука за отворање на граничниот премин Зурбатијах со Иран кој беше затворен во рамките на рестриктивните мерки против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19). Граничниот прмеин ќе биде отворен два дена во неделата.

Директорот на дирекцијата за гранични премини на Ирак Омер ел Ваили рече дека граничниот премин Зурбатијах во градот Васит со Ирак, два дена во неделата ќе биде отворен за трговските премини меѓу Иран и Ирак и во текот на овој период ќе можат да поминат 250 камиони.

Целта на отворањето на граничниот премин е да се обезбеди набавка на храна и земјоделски артикли на локалните пазари и зачувување на стабилноста на цените, рече Ваили и додаде дека во тие рамки се преземени и потребните здравствени заштитни мерки.

На 8 март, Дирекцијата за гранични премини на Ирак во рамките на борбата против Ковид-19, ги затвори петте копнени гранични премини со Иран и тоа Еш-Селамџе (во Басра), Еш-Шит (во Мејшан), Зурбатијах (во Вашит), Ел-Мунзирије и Мендили (во Дијала).



Слични вести