Зголемување на производството на чиста енергија

Производството на електричната енергија од обновливите извори на енергија се истакна на преден план поради еластичноста и отпорноста што ја покажа во електричниот систем споредба со другите извори

1410521
Зголемување на производството на чиста енергија

Во текот на процесот на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) низ кој поминуваме, и покрај одредениот застој во набавката и доцнењето во изградбата, производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија (ОИЕ) во светот забележа раст од 5 отсто.

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) во извештајот под наслов „Извештај за глобалниот енергетски приказ“ соопшти дека според собраните податоци и инофрмации, во периодот на епидемијата, производството на електричната енергија од обновливите извори на енергија се истакна на преден план поради еластичноста и отпорноста што ја покажа во електричниот систем споредба со другите извори.

Стапката на учеството на обновливите енергетски системи во глобалното производство на енергија кои што овозможуваат производство на електрична енергија без потреба од активностите за пребарување нафта и природен гас, произвдоство и пренос, од 26 отсто се зголеми на 30 отсто.

И покрај сите доцнења во синџирот на набавка и изградба на електрична енергија од обновливите извори на енергија, во овој период во светот беше забележан раст од 5 отсто.

Додека во производството на електрична енергија во светот од другите извори беше забележан пад.

Меѓудругото, со имплементација на лиценцираните проекти во 2020 година се предвидува дека ќе дојде до зголемување на уделот на обновливата енергија.



Слични вести