Платформата yerliara.com за турски производи доби приближно 2 милиони посети од 50 земји

На прво место меѓу земјите кои ја користат платформата „Yerliara“ се наоѓа Германија, а потоа следуваат Азербејџан, Кина, Иран и Велика Британија и платформата доби приближно 2 милиони посети од повеќе од 50 земји од Аљаска до Нов Зеланд

1406072
Платформата yerliara.com за турски производи доби приближно 2 милиони посети од 50 земји

Новиот мотор за пребарување и социјална медија на деловниот свет Yerliara.com стана врата којашто се отвора кон извозот.

Според објавеното соопштение од моторот за пребарување, деловниот свет кој поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се пренесен во дигитална средина благодарение на профилните страници коишто се отвораат според официјалниот јазик на земјата која се избира на Yerliara.com почна да обезбедува нови соработки (зделки) во извозот.

На прво место меѓу земјите кои ја користат платформата „Yerliara“ се наоѓа Германија, а потоа редум следуваат Азербејџан, Кина, Иран и Велика Британија.

Во фокусот на интересирањето на странците се наоѓа и делот на фирмите за борба против Ковид-19 којшто е формиран од страна на „Yerliara“ пред кусо време.“

Количината на побарувачката за набавка (купување) којашто оттука пристигнува до фирмите оствари раст од приближно 200 отсто.

Според статистичките податоци на страницата, Yerliara.com доби приближно 2 милиони посети од повеќе од 50 земји од Аљаска до Нов Зеланд.

Портпаролот на Yerliara.com Бурак Ондер истакна дека платформата Yerliara која со поддршка на водечките граѓански организации во деловниот свет е ставена во примена во склопот на Arı Teknokent при Истанбулскиот технички ниверзитет (ИТУ) и е отворена за употреба на фирмите и тоа целосно бесплатно, им нуди нова генерација можности на голем број фирми на чело со претпријатијата од мал и среден обем.



Слични вести