ЕСКВА соопшти дека арапската географија ќе биде најмногу погодена од Ковид-19

Странските инвестиции на арапската географија се предидува дека ќе се намалат за околу 45 отсто

1404140
ЕСКВА соопшти дека арапската географија ќе биде најмногу погодена од Ковид-19

Економската и социјална комисија за Западна Азија на ОН (ЕСКВА) соопшти дека арапската географија најмногу ќе биде погодена од новиот тип на коронавирусот.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на седиштето на ЕСКВА во Бејрут беше истакнато следното „Арапската географија ќе се најде во центарот на најдеструктивното влијание на Ковид-19.“

Според претпоставките, странските инвестиции на арапската географија се предидува дека ќе се намалат за околу 45 отсто и дека оваа бројка ќе биде забележан како најголем пад на странските инветсиции во регионот.

Во соопштението беше истакнато дека како последица на Ковид-19 и опаѓањето на цената на суровата нафта, во арапскиот регион се очекува пад на даночните приходи од најмалку 20 милијарди долари.

Според најоптимистичките сценарија за трговијата, извозот во арапскиот регион се предвидува дека ќе се намали за околу 88 милијарди долари.



Слични вести