Расте светската побарувачка за турското овошје

Турција, извозот на свежо овошје во периодот јануари-март во споредба со истиот период минатата година го зголеми за 25 отсто

1400901
Расте светската побарувачка за турското овошје

Во периодот на епидемијата од Ковид-19 расте светската побарувачка за турското овошје. Свежото овошје се најде на врвот на секторите коишто го зголемија својот удел во извозот особено по зголемената побарувачка од Русија, дојде до зголемување и на побарувачката од Германија.

Турција, извозот на свежо овошје во периодот јануари-март во споредба со истиот период минатата година го зголеми за 25 отсто и достигна 637 милиони 722 илјади долари.

Како последица на епидемијата на Ковид-19 и порастот на побарувачката  на свежо оошје и зеленчук, Русија во својство на традиционален пазар се стекна со одлика на земја во која најмногу беше остварен извоз. Извозот на свежо оошје и зеленчук во Русија во овој период се зголеми за 37 отсто и достигна 200 милиони 748 долари.

По Русија следува Романија со 59 милиони 308 илјади долари, потоа Украина со 55 милиони 396 илјади долари.

Најгоема пораст на побарувачката на свежо овошје и зеленчук во наведениот период пристигна од европските земји. Извозот за Италија, земјата во која поради катастрофалните последици на Ковид-19 мерките се наоѓаат на највисоко ниво, се зголеми дури за 84 отсто и изнесува 4 милиони 85 илјади долари.



Слични вести