Мерцедез-Бенз Турк повторно ќе ги започне производствените активности

Компанијата направи пауза на производството од март до 20 април

1399577
Мерцедез-Бенз Турк повторно ќе ги започне производствените активности

Мерцедез-Бенз Турк соопшти дека повторно ќе ги започне производствените активности и тоа во Фабриката за автобуси Хошдере во Истанбул на 20 април, додека во Фабриката за камиони во Аксарај на 24 април.

Во спимесното соопштение кое беше објавено од страна на управата на Мерцедез-Бенз Турк беше истакнато дека во рамките на мерките коишто беа преземени во борбата против новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) на ниво на целиот свет, за заштита на вработените и здравјето на општеството, компанијата направи пауза на производството од март до 20 април.

Во соопштението беше истакнато дека повторно ќе започне производството во фабриките.

Поаѓајќи од оваа одговорност, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО) и Министерството за здравство и повторно обезбедување на потребните услови за натамошното производство, ќе ги преземеме сите мерки и активно ќе ги следиме сите информации коишто ќе бидат објавени од страна на наведените организации. Согласно тоа, одлучивме повторно да го започнеме производството во фабриките и тоа во Фабриката за автобуси Хошдере во Истанбул на 20 април, додека во Фабриката за камиони во Аксарај на 24 април.



Слични вести