Турција од извозот на чај во првите 3 месеци од 2020 година заработи приближно 3,8 милиони долари

Турција во првите 3 месеци од оваа година оствари извоз на 1.047 тони чај и од тоа заработи приходи во износ од 3 милиони 875 илјади 510 долари

1398583
Турција од извозот на чај во првите 3 месеци од 2020 година заработи приближно 3,8 милиони долари

Извозот на чај на Турција во првите 3 месеци од годинава (јануари-март, 2020) во споредба со истиот период минатата (2019) со раст од 51 отсто достигна до 3 милиони 875 илјади 510 долари.

Според пресметките од податоците на Унијата на извозниците од Источноцрноморската област (ДКИБ),  во првиот квартал од годинава од Турција е остварен извоз на 1.047 тони чај во 75 земји ширум светот.

Од остварениот извоз на 880 тони чај од земјата во истото тромесечје минатата (2019) година беа заработени 2 милиони 573 илјади 794 долари. 

На тој начин извозот на чај од Турција во првите 3 месеци оваа година споредено со истиот период лани на количинска база оствари раст од 19 отсто, а на вредносна база раст од 51 отсто.

Во остварениот извоз на чај од Турција во наведениот период на прво место меѓу земјите се наоѓа Белгија со 1 милион 471 илјада 123 долари.

По оваа земја следуваат Турската Република Северен Кипар (ТРСК) со 504 илјади 417 долари и Германија со 422 илјади 793 долари.



Слични вести