Домашното средство за дезинфекција на рацете „БОРЕЛ“ на рафтовите во продавниците

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез најави дека од утре (денеска) ќе биде изнесено на продажба во продавниците домашното средство за дезинфекција на рацете со додаток на бор

1398911
Домашното средство за дезинфекција на рацете „БОРЕЛ“ на рафтовите во продавниците

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез информира дека е завршен лабораторискиот процес и е спремно до сериско производство средството за дезинфекција со додаток на руда бор чии студии за истражување и развој, а во рамките на борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Донмез на промотивниот состанок на домашното средство за дезинфекција „БОРЕЛ“ истакна дека хигиената (чистотата) на рацете во борбата против епидемијата е многу значајна и дека во случаи кога пак нема можности за миење на рацете со сапун, личната хигиена може да се обезбеди со користење на средство за дезинфекција.

„Од утре во различни места за продажба БОРЕЛ ќе им го понудиме на нашите граѓани. И пкрај тоа што во целиот свет се доживува сериозна тешкотија за намирање на производи за лична хигиена, ние координирајќи ги нашите сопствени извори со голема брзина ги обезбедивме потребите на нашите граѓани.“ - рече министерот Донмез.

Подвлекувајќи дека домашното средство за дезинфекција со додаток на бор не и наштетува на кожата, министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез го додаде следното: „БОРЕЛ содржи супстанци како што се бор, етил алкохол, глицерол, алое вера, масло од чајно дрво, лаванда и вода со што ги на навлажнува рацете и не станува причина за дерматолошки проблеми. Антибактериското својство на борот води борба против микробите и бактериите на рацете, а исто така овозможува побрзо заздравување и на раните на рацете.“



Слични вести