Туркиш Ерлајнс мерките за стопирање на своите меѓународни линии ги продолжи до 20 мај 2020 година

„Поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19) сите наши меѓународни линии се сопрени до 20 мај 2020 година“ - стои во соопштението на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс)

1397862
Туркиш Ерлајнс мерките за стопирање на своите меѓународни линии ги продолжи до 20 мај 2020 година

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) соопшти дека преземените мерки за стопирање на сите свои меѓународни линии се продолжени до 20 мај 2020.

Во објавеното соопштение преку интернет страницата на авиокомпанијата заземаат место следните информации: „Поради глобалната епидемија на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во правец на донесените одлуки од страна на официјалните власти и мерките коишто ги донесовме за вашето здравје, сите наши меѓународни линии се сопрени до 20 мај 2020 година.“

Во соопштението се потсетува дека домашните линии почнувајќи од 3 април 2020 година во 23:59 часот по турско време се сопрени до 20 април 2020 година.



Слични вести