Путин: „Руската економија се наоѓа под сериозен притисок“

Трговијата на мало во април во Русија се намали за 35 отсто

1397998
Путин: „Руската економија се наоѓа под сериозен притисок“

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека економијата на земјата и компаниите се наоѓаат под сериозен притисок на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19).

Путин на состанокот во Москва што го одржа со претставниците на економијата на земјата преку видеоконференција направи проценка на случувањата.

Намалената побарувачка поради Ковид-19 претставува најчувствително прашање не само за Русија туку и за сите други земји во светот, рече Путин и додаде:

Трговијата на мало во април во Русија се намали за 35 отсто. Тоа пак истовремено покажува колки брзо се намалува пазарот.

Потенцирајќи на остриот пад на новите хипотекарни кредити на критичните банки, Путин рече дека новата состојба предизвика шок. Но тоа не треба да предизвика шок и за владата.

Тешкотиите не владеат само во руската економија, туку во глобалната економија, посочи Путин и додаде:

„Руската економија и копмании се наоѓаат под сериозен притисок. Епидемијата на Ковид-19 неповолно се одрази и продолжува да се одразува врз трговијата и работната сила. Русија располага со силни средства и резерви против кризата. Затоа овие извори треба да ги искористиме на најефективен начин“ подвлече Путин.



Слични вести